451
Детскиот фонд при Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека голем број деца во Африканскиот Рог и Сахел може да умрат поради тешка неухранетост и ризик од болести кои се пренесуваат преку вода, јавува Анадолија.
Извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел повика на итна помош додека Етиопија, Кенија и Сомалија се борат со голема суша.
Според неа, бројот на луѓе кои се соочуваат со суша во Африканскиот Рог е зголемен од 9,5 милиони на 16,2 милиони од февруари, поради што децата и семејствата се изложени на поголем ризик од болести како колера и дијареа.
– Милиони деца се на само една болест од катастрофа, додаде Расел.