Сега кога градот Тетово се наоѓа на врвот на списокот на најзагадени градови во светот, нејасно е молчењето на албанската партија во власт и нејзиниот министер за екологија, кои го трујат населението од оваа зона, реагираа од партијата Унитети.
Тие бараат оставка на министерот за екологија Нурхан Изаири и апелираат Владата да го почитува законот и веднаш да ја затвори фабриката „Југохром“.
– Прекршувањето на роковите за поставување на филтри и незатворањето на ‘Југохром’ е уште една потврда за презирот кон ДУИ од страна на нејзиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, или зад ова се кријат материјални интереси на одредени лица од двете партии на власт. Дали интересите на одредени лица во ДУИ вредат повеќе од животите на граѓаните на Тетово? – прашуваат од „Унитети“.
Оттаму велат дека за руските сопственици на „Југохром“ не важат законите, бидејќи партиите на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги сместиле нивните партиски војници во менаџерскиот персонал на полошкиот трујач.