Уништувачкиот ураган Берил се движи кон Јамајка, додека жителите ги прават последните подготовки за доаѓањето на моќната бура од петта категорија, која однесе најмалку шест животи и предизвика значителни штети во југоисточните Кариби. Со максималната постојана брзина на ветровите од над 160 километри на час, ова е најраниот атлантски ураган од оваа категорија во годината откако се прават мерењата во последните стотина години.
Се очекува ураганот да ја погоди Јамајка во следните часови, по што ќе се упати кон Кајманските Острови и полуостровот Јукатан.
Мајкл Бренан, директорот на Националниот центар за урагани на САД, изјави дека ураганот носи ветрови од 249 километри на час и се очекуваат опасни бранови високи до дури 2,7 метри.
Во некои области на земјата се очекуваат 30 сантиметри дожд, што може да доведе до поплави и свлечишта.
На Јамајка е на сила вонредна состојба и е прогласена зона на катастрофа уште пред доаѓањето на ураганот.