Се стравува дека стотици дози од вакцината против Ковид-19 пропаднале откако се расипал замрзнувачот во една англиската клиника.
Клиниката во Нортемптоншир чувала 975 дози вакцини на Ффајзер, која мора да се чува на минус 70 степени, пренесува Дејли Меил.
Клиниката функционира како главен центар за вакцинирање на избрани лица постари од 80 години.
Некои пациенти ја примиле дозата во средата, на 16 декември, но други требало да ја примат во четврток и петок на клиниката, која работеше 12 часа на ден.
Но, во четвртокот, на пациентите им било кажано дека вакцината повеќе не е достапна. Не е јасно колку дози се изгубени.
Ова доаѓа откако поранешниот министер за здравство Џереми Хант предупреди дека достапните дози на вакцината Фајзер ќе бидат потрошени во јануари, а новата пратка треба да дојде до март, што значи дека програмата за вакцинација можно е да запре.