621
На депонијата Дрисла денеска се уништени 67 илјади дози вакцини Фајзер, Астра Зенека и помал дел Синофарм, со изминат рок на употреба, соопшти Министерството за здравство.
Според МЗ, уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.
Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија. Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД, соопштија здравствените власти.