390
Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.
– Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.
Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.
Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.