UNIQA А.Д. Скопје е покровител на Колор Ран 10км

UNIQA A.Д. Скопје овозможи комплетно покровителство на стазата UNIQA 10km

by Fokus

Како општествено одговорна компанија, “Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје”, секогаш работела и ќе продолжи да работи за доброто и сигурноста на сите. UNIQA заедно со својот тим се секогаш отворени за соработка, спонзорства и за помош на лица на кои навистина им е тоа потребно.

Овој пат, UNIQA се јави со учество како генерален спонзор на KoloRRun – главна трка 10km UNIQA стаза. KoloRRun трка, е трка, која се практикува во многу градови во Светот, но за прв пат и кај нас. Организацијата на денешната трка беше во рацете на East Gate Mall – KorRunners.

Искрено, се надеваме дека KoloRRun трката ќе прерасне во традиција и секоја година ќе има се поголем број на учесници, активности, дружба и поголема забава. UNIQA со денешната организација ги задоволи очекувањата на учесниците кои учествуваа во трката од најмала до најстара возраст.

“Со денешната трка се потрудивме да промовираме дел од здравите навики кои би требало сите да ги практикуваме. Денес докажавме дека се битни натпреварот и трката, но битна е и дружбата! Докажавме дека тимот на UNIQA е најдобар и најгласен во бодрење околу стазата, но најбрз на самата стаза. UNIQA за секој учесник на KoloRRun трката обезбеди посебен подарок. Исто така, обезбедивме и пултни станици на 10km стаза на кои имаше шишиња со вода и музика. Трката побуди поголем интерес од очекуваното, а тоа резултираше со најголема посетеност и одзив на нашиот штанд.“ – изјави Дритон Азизи, генерален директор на “Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје”.

Може скромно да кажеме дека забавата ја создаде UNIQA! Ви ветуваме уште настани на кои ќе се дружиме! Ви благодариме на вашата доверба во нас и вашето учество во денешната KoloRRun трка.

Поврзани новости