УНХЦР: Соседите на Украина да ги отворат границите за прием на бегалци

by fokus

Агенцијата за бегалци при ОН денеска соопшти дека ситуацијата во Украина забрзано се влошува и ги повика соседните земји да ги отворат границите за прием на бегалци.

– Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да ги напуштаат своите домови за да одат на безбедно место, изјави високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

Тој рече дека УНХЦР ги интензивирала своите операции и дека работи со украинските власти за да обезбеди поголема хуманитарна помош.

Поврзани новости