УНХЦР: Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина

by Fokus

Повеќе од пет милиони луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Агенцијата на ОН со седиште во Женева денеска соопшти дека вкупниот број бегалци од Украина е 5.010.000.

Повеќе од половина од нив, над 2,8 милиони, избегале во Полска, барем на почетокот. Иако многумина останаа во Полска, не се знае колку луѓе заминале во други земји.

Заминувањето на Украинците од земјата е забавено во последните недели во споредба со почетокот на војната.

УНХЦР наведува дека повеќе од седум милиони луѓе биле раселени во внатрешноста на Украина, која пред војната имаше 44 милиони жители.

Поврзани новости