Унгарскиот премиер најавува нов неочекуван потег

by Fokus

Будимпешта ќе продолжи да презентира „неочекувани иницијативи“ кои „ќе не донесат чекор поблиску до мирот“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува Блумберг.

– Имам уште неколку адути во ракавот за „мировната мисија“ – изјави Орбан.

Тој не прецизираше кои конкретни чекори ќе ги преземе.

Орбан во радио емисијата „Кошут“ истакна и дека неговата мировна иницијатива ги натерала другите европски лидери да размислуваат за решавање на конфликтот во Украина.

– Поради ставовите на европските лидери, Европа стана провоена. Тоа треба да се напушти. Тоа е можно ако сериозно започне муабетот дека е време да излеземе од рововите и да сфатиме дека ова не е наша војна. На бојното поле нема решение за конфликтот, оваа идеја е иницирана од нашата мировна мисија, со што започнавме огромна дебата во Европа – рече унгарскиот премиер.

Според него, без мировната иницијатива овие дискусии немаше да ни започнат и сите ќе зборуваа само за конфликтот.

– По дискусиите, дијалогот за мирот, се покажа дека се повеќе земји од ЕУ со задоволство ќе се приклучат во мировниот камп, на пример Германија – заклучи Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека ќе продолжи да предлага неочекувани иницијативи за приближување на мирот, пренесува Спутник.

Во јули, Орбан изјави дека прашањето за мирот во Украина ќе биде главното прашање во следните шест месеци од унгарското претседателство со Советот на ЕУ, пренесува РИА.

Поврзани новости