647
Унгарската социјалистичка партија и другите опозициски партии подготвуваат заеднички план против доделувањето на азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од страна на властите на чело со премиерот Виктор Орбан.
Како што пишува порталот 24.hu, тие ќе иницираат панел-дискусија и ќе бараат креирање на парламентарна истражна комисија, по што до властите ќе достават заеднички став на опозицијата за случајот Груевски, додека до парламентот ќе достават предлог како да се постапи.
Инаку, тие не прифаќаат Груевски да биде заштитен во нивната земја, бидејќи е осуден на издржување затворска казна во Македонија и не ги исполнува условите за азил.