Унгарската опозиција ја држи предноста пред Орбан

by Фокус

Обединетата опозиција во Унгарија задржа три проценти предност пред десничарската Фидес на премиерот Виктор Орбан, покажуваат резултатите од декемвриската анкета на либералниот тинк-тенк „Републикон“.

За прв пат откако ја освои власта со убедлива победа на изборите во 2010 година, 58-годишниот Орбан ќе се соочи со обединета опозиција составена од Демократската коалиција на социјалистите, либералите, крајната десница.

Резултатите од анкетата покажуваат дека обединетите опозициски партии уживаат поддршка од 36 отсто од сите гласачи, додека Фидес на Орбан има 33 отсто.

Резултатите во голема мера се совпаѓаат со анкетата спроведена претходно оваа година, што значи дека опозицијата се уште не успева да направи голема промена во одѕивот на гласачите, дури и по краткото зголемување на поддршката во октомври, кога Питер Марки-Зај беше избран за противник на Орбан.

Минатиот месец Орбан најави замрзнување на цените на горивата за да ги заштити потрошувачите од понатамошни зголемувања на цените, обидувајќи се да ја придобие наклонетоста на клучните анкетни групи како што се семејствата и пензионерите со големи даночни олеснувања и повисоки компензации.

Поврзани новости