605
Апсолутно ја отфрламе идејата дека Унгарија е против Северна Македонија да влезе во НАТО, реагираа денеска од Унгарската амбасада.
-Отсекогаш сме биле и ќе останеме стабилни поддржувачи на пристапувањето во Северна Македонија. Евроатлантската интеграција на земјата ќе придонесе за стабилноста и безбедноста на целиот регион, во кој Унгарија останува длабоко заинтересирана. Унгарскиот парламент едногласно го поддржа ратификувањето на протоколот за пристапување во Северна Македонија во јуни минатата година. Ние ќе продолжиме да и помагаме на земјата на нејзиниот пат по евро-атлантските интеграции, порачаа од амбасадата.