Унгарија се заканува со вето во одбрана на Додик

by fokus

Унгарија ќе стави вето на евентуалниот предлог за воведување санкции на српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, порача денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто на Фејсбук наведе дека новата министерка за надворешни работи на Германија Аналена Бербок побара воведување санкции на Додик.

-Загрижени сме поради таквите изјави, бидејќи БиХ е во наша близина. Зачувувањето на мирот и стабилноста во таа земја е нашиот основен безбедносен интерес. Берлин е подалеку, но не толку далеку за да не можете да одлетате до Бања Лука. Одлетајте и преговарајте. Разговарајте со Србите. Со нив, а не за нив. Можеби тоа ќе ви помогне да ја сфатите ситуацијата, напиша Сијарто.

Тој потсети дека Европската Унија само со едногласна одлука на државите членки може да воведе санкции на некого и порача дека на сите мора да им биде јасно дека Унгарија нема да даде поддршка на какви било санкции против Додик и дека ќе вложи вето ако има таков обид.

Поврзани новости