704
Германија е голема пречка на патот кон воведување построги санкции кон Русија, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференција, додавајќи дека Унгарија истите не ги блокира.
Неговиот коментар доаѓа откако премиерот Виктор Орбан победи на изборите во неделата и откако се соочи со критики за неговиот остар став кон руската агресија во Украина.
-Мора да видиме дека, како и да ѝ пристапиме на Унгарија, ова е четврта ваква победа и мора да ги почитуваме демократските избори. Германија е главната пречка за санкциите. Унгарија е за санкции – изјави Моравјецки.