702
Екс-премиерот во бегство, Никола Груевски останува на слобода во Будимпешта откако Унгарија соопшти дека нема да го екстрадира ни за настаните во Собранието од 27 април.
– Примено е известување дека Врховниот регионален суд донел конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Никола Груевски, бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Во согласност со актот бр. 38 за меѓународна правна помош во кривични предмети, лице на кое му е дадено азил нема да се екстрадира во државата од која избегал – велат од Министерството за правда.