Унгарија негира дека Орбан навестил можно повлекување од ЕУ

by Fokus

Унгарската влада негираше дека премиерот Виктор Орбан за време на предизборниот митинг одржан на 12 февруари ја покренал можноста за повлекување на земјата од Европската унија.

Портпаролот на Орбан, Золтан Ковач, на Твитер објави дека германската новинска агенција ДПА „погрешила“.

-Премиерот Орбан не навести дека ќе ја напушти ЕУ. Напротив, тој рече „Ние, од наша страна, сакаме да ја задржиме ЕУ заедно… ЕУ има иднина само ако можеме да останеме заедно, напиша Ковач.

Сторијата на ДПА од покривањето на говорот на Орбан на 12 февруари беше насловена: „Орбан навестува можност Унгарија да ја напушти ЕУ“.

Говорејќи во годишното обраќање што оваа година го означи почетокот на неговата кампања за унгарските парламентарни избори на 3 април, Орбан рече дека ЕУ води „света војна, џихад“ против Унгарија под слоганот на владеење на правото.

На почеток на кампањата, Орбан навести можно излегување на Унгарија од ЕУ, владата негира
Орбан им порача на своите поддржувачи во Будимпешта дека ЕУ треба да покаже „толеранција“ кон Унгарија, а предупреди и на можен бран на бегалци од соседна Украина доколку Русија изврши воен упад во земјата.

-Руско-украинскиот конфликт е итен. Интересите на Унгарија најважно и пред сѐ се дека војната мора да се избегне, рече тој.

Сепак, тој зборуваше и против плановите на ЕУ да воведе остри санкции кон Москва доколку ја нападне Украина.

-Санкции, казнени политики, предавања или каква било друга ароганција од страна на големите сили не доаѓа предвид, рече Орбан кој можеби има најблиски односи со рускиот претседател Владимир Путин од кој било лидер на ЕУ.

Откако Русија го анектираше украинскиот регион Крим во 2014 година, Орбан постојано се противеше на санкциите на ЕУ против Москва, иако на крајот и Унгарија гласаше да ги поддржи.

Поврзани новости