Унгарија ќе поддржи ембарго против Русија, ако се исклучат нафтоводите

by fokus

Нафтено ембарго против Русија би можеле да го поддржиме само доколку нафтоводите целосно се исклучат од санкциите, односно доколку ембаргото се однесува на снабдување со нафта по море, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто во видео-обраќање на Фејсбук. .

– Доколку Брисел е сериозен, реално би било само усвојување на нашиот предлог и ние ќе ја застапуваме оваа позиција во понатамошните разговори оваа недела, рече Сијарто.

Објаснувајќи ја позицијата на Унгарија по разговорите на премиерот Виктор Орбан со претседателката на Еврокомисијата Урсула фон дер Лајен во Будимпешта и телефонскиот разговор на унгарскиот премиер со францускиот претседател Емануел Макрон, Сијарто повтори дека сегашниот предлог на Европската комисија за нафтени санкции против Русија е „атомска бомба“ за унгарската економија. Тој вели дека со усвојувањето на санкциите во предложената форма, горивот на пумпените станици би поскапело за 55-60 проценти. Тоа би довело до драстично зголемување на цената на многу производи кои унгарските граѓани не би можеле да ги платат, вели унгарскиот министер.

Тој потврди дека имало повеќе разговори меѓу бриселски експерти и стручњаци од унгарската влада, но било констатирано дека засега нема решение предложено од Брисел што би ги неутрализирало негативните ефекти од евентуалното ембарго на руската нафта врз унгарската економија.

Поврзани новости