Поранешниот премиер Никола Груевски побарал азил во Амбасадата на Унгарија во Тирана, потврдија за Радио Слободна Европа од унгарското Министерство за надворешни работи. Во одговорот на прашањата од РСЕ, од Министерството велат дека тие „немаат информации на кој начин Груевски ја напуштил Македонија, но додаваат дека тој во Унгарија стасал согласно националните и меѓународните прописи“.
Од унгарското МНР, во дописот до РСЕ, велат дека „барањето политички азил од Груевски не е политичко туку правно прашање и дека Унгарија работи на развојот на добрите билатерални односи со Македонија и дека и понатаму ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ“.
На прашањето од РСЕ, дали Груевски користел унгарски дипломатски возила за да стаса до Унгарија, од унгарското МНР велат дека „немаат такви податоци.