Унгарија ги затвора границите на 1 септември поради коронавирусот

by Frosina Fakova

Унгарската Влада донесе одлука повторно да ги затвори границите на земјата како на почетокот на првиот бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот, Гергели Гулаш.

Тој рече дека од 1 септември на странските државјани ќе им биде забранет влез во Унгарија, освен во исклучителни случаи, јави агенцијата МТИ.

Унгарските граѓани кои се враќаат во земјата ќе треба да бидат во карантин 14 дена или додека не добијат два негативни теста направени во два различни дена.

– Овие мерки се воведени за да се спречи внесувањето на вирусот во земјава, истакна Гулаш, додавајќи дека Унгарија, пред сè, на тој начин сака да ги заштити своите постари граѓани, да им овозможи на децата да бидат безбедно подготвени за почетокот на учебната година и да продолжат со економскиот напредок.

Поврзани новости