Човек се закачил за надворешната страна на вагон за брз воз во Германија кој возел со брзина до 282 километри на час и избегал без повреди, соопшти вчера полицијата.
40-годишен унгарски државјанин во четвртокот без билет се качил во воз за северниот крајбрежен град Либек во Минхен. Но, полицијата тврди дека тоа не била причината за ризичниот трик.
Кога возот застанал на станицата во Инголштад, на околу 70 километри северно од Минхен, патникот се симнал од возот за да запали цигара.
Кога сфатил дека вратите се затворени и возот тргнал, скокнал на спојката помеѓу два вагони и се држел за каблите додека возот забрзувал до 282 км/ч, соопшти полицијата.
Набљудувачите од платформата повикале полиција околу 15 часот. Машиновозачот го запрел возот во градот Киндинг, триесетина километри северно од Инголштад, каде мажот бил уапсен.
Мажот и рекол на полицијата дека скокнал во возот бидејќи неговиот багаж се уште бил внатре. Човекот изненадувачки не е повреден во инцидентот опасен по живот, изјави портпаролот на федералната полиција.
Тој сега е под истрага затоа што не купил билет. Нему му се заканува постапка и за „нарушувачко однесување“, што се смета само за прекршок.