Обвинителот од Вишото јавно обвинителство Скопје и претседател на Здружението на јавни обвинители, Елвин Вели денеска на седница на Советот на јавни обвинители заедно со Наталија Тасевска беше избран за јавен обвинител во Јавното обвинителство .
За таму била пријавена и поранешната раководителка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, но ниту таа ниту обвинителите Валентина Стојановска, Даница Монева и Златко Биковски не добија мнозинство гласови.
Вели во емисија изјави дека кога синовите и ќерките на судиите и обвинителите ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција, само кај нас непотизам.
-Јас сум дете на судија и тоа сум го почувствувал на своја кожа. Реално повеќе проблеми сум имал во работата поради тоа отколку придобивки. Секогаш се било со доза на резерва, да не речат заради ова, да не речат заради тоа. Јас сум имал прилика да работам и во суд и како самостоен адвокат и сега како обвинител, сум ги поминал сите делови и секаде било истото. Едноставно сметам дека не треба да биде проблем, рече Вели.
Тој ја даде оваа изјава по реакциите во јавноста откако Академијата за судии и јавни обвинители завршија синови, ќерки, сопруги, снаи на актуелни и поранешни судии и јавни обвинители, како и на политичари.
Вели бил избран за јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во 2011 година кога пред Советот на јавни обвинители дал свечена изјава дека професионално ќе ја врши својата функција.
„Фокус“ пишуваше дека Вели е син на поранешниот судија, Ведат Вели кој беше и претседател на Апелациониот суд, но и член на Судскиот совет.
Тој бил избран за обвинител во иста година со Миле Арсениевски кој беше во скопското обвинителство, а е син на поранешната претседателка на Апелацискиот суд, Љупка Арсениевска.
Арсениевски во Советот на јавни обвинители рекол дека пресудно за оваа функција била фамилијарната традиција.
Иако рекол дека ќе одговори на предизвиците достојно како што доликува на јавен обвинител, сепак тој лани си даде оставка од функцијата. Советот на јавни обвинители ја прифати неговата оставка откако претходно беше санкциониран бидејќи одолговлекувал предмет и не доаѓал на закажаните судски рочишта.
И двајцата се споменуваат во „бомбите“ што ги објавуваше тогашната опозициска СДСМ.
Тој се споменува во разговор меѓу тогашниот министер за правда, Блерим Беџети и Муса Џафери и се согласуваат дека треба да се избере синот на Ведат Вели.
Освен во јавното обвинителство, нови обвинители беа избрани и во Вишото обвинителство Скопје и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, во скопското обвинителство и обвинителствата во Гостивар и Кавадарци.
Во ОЈО ГОКК беа избрани Оливера Проеска, Верица Бержетска Крстева и Милица Гаврилова, која и досега беше обвинител во ОЈО ГОКК.
Помеѓу останатите пријавени кандидати кои не беа избрани се Газменд Мехмети, Елизабета Јосифовска, Александар Марковски и Владимир Милошески. Од пријавените шест кандидати на огласот за пет, во Основното јавно обвинителство Скопје беа избрани Зоран Здравев, Ирина Спасовска, Емилија Мизо Димков, Фатмир Муса, Ајбејан Ајдини, а не беше избран кандидатот Игор Димитровски.
Претседателот на Здружението на обвинители е син на судијата Ведат Вели, се споменувал и во „бомбите“!
Фросина Факова-Серафиновиќ