УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе се придружи на протестниот собир пред Силбо:„Да изразиме сочуство за Фросина и револт против системот кој убива“

by Fokus

Без разлика на политичката определеност, граѓанска должност на секој поединец е да го крене гласот против нефункционалниот систем, изјави Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собрание.

„Убиството на младата Фросина е доказ дека главната борба треба да биде насочена кон тоа да добиеме судии и обвинители кои ќе ја вршат својата работа и нема да дозволуваат апсени криминалци да шетаат по нашите улици.

- Advertisements -

Заедно со моите колеги од УМС, денес ќе се придружиме на протестниот собир пред Силбо, да изразиме сочувство за Фросина, како и револт против системот кој убива.

Згрозени од обидите на одредени поединци и структури да го политизираат овој случај, ве повикуваме сите во 13 часот да оддадеме почит и да не дозволиме оваа борба за правда и сигурност да биде извалкана и користена за политички поени“ порача Попов.

Поврзани новости