Различни беа целите и задачите во првата, споредбено со тоа кои се целите и задачите во втората епоха. Бидејќи сепак мора да признаете дека после неуспехот да се формира Влада во 2017-тата година и најголемиот пораз кој што се случи на локалните избори во 2017-тата година се беше би рекол една состојба на демотивација во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. И логично е да голем дел на активистите, поддржувачите, членството по сериозниот налет на тогашната власт да се пасивизира. И целите и задачите во таа прва епоха после мојот избор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во крајот на 2017-тата беше да повторно да ја стабилизираме партијата, да ја реорганизираме, да го повратиме би рекол нарушениот углед кој што го имавме со меѓународната заедница, со нашите пред се стратешки сојузници и пријатели. Истовремено да создадеме коалициски потенцијал внатре во Македонија со останатите политички партии. И на крај да победиме на избори“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на МРТ.
Мицкоски посочи дека втората епоха е нешто друго, сега ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија сака да направи општествено мобилизирање на секоја слобомислечна индивидуа.
„Затоа што имаме чувство како да тие умни глави се тргнати настрана, како да седат понастрана, како да не имаат некое активно учество во рамките на политичкиот живот“, нагласи Мицкоски.