Сергиј Хајдај, украинскиот гувернер на областа Луганск, која е целосно под контрола на руските сили, изјави дека украинските сили напредуваат кон предградието на Лисичанск.
Хајдај за телевизијата Суспилне изјави дека жителите виделе украински војници во близина на предградијата.
Според него, во текот на ноќта, украинските партизани го подигнале украинското знаме над Кремин, град во близина на Северодоњецк.
Тој додаде дека „руските окупатори и нивните соработници масовно ги напуштаат населените места во регионот на Луганск“.
Во меѓувреме, Олександр Журављов, украинскиот градоначалник на окупираниот Лиман во источниот регион Доњецк, за телевизијата Суспилна изјави дека украинските сили водат жестоки битки со руската армија во предградијата.
-Украинското знаме сè уште не е подигнато над Лиман – рече Журављов, додавајќи дека руските сили даваат отпор на украинското напредување кон Лиман.