664
Третата рунда преговори меѓу Русија и Украина може да се одржи на 7 март. Ова денеска го објави изданието „Украинска правда“, повикувајќи се на извор близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува ТАСС.
– Чекаме потврда од Русите. Нашиот предлог е 7 март, изјавил изворот за медиумот.
Претходно денеска, Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, изјави за „Страна“ дека преговорите ќе се одржат во следниот ден или два.