Украинците нападнаа склад со нафта во Русија: Одекнаа експлозии, избувна пожар во резервоарот

by Fokus

Во складиште за нафта во рускиот регион Белгород, тенк се запали по напад на украинските вооружени сили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

„Вооружените сили на Украина со дрон нападнаа складиште за нафта на територијата на градскиот округ Стари Оскол. Како резултат на експлозијата, еден од тенковите се запали“, објави тој на мрежата Телеграм.

Пожарот бил брзо изгаснат, а во инцидентот нема жртви, пренесува РИА Новости.

Руски системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 12 украински беспилотни летала над регионот Курск и еден над регионот Белгород, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Во текот на изминатата ноќ беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со помош на дронови против цели на територијата на Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Се додава дека дежурните системи за противвоздушна одбрана уништиле 13 украински беспилотни летала.

Поврзани новости