Украинците ја нападнаа Русија со дронови; Руска политичарка: Бајден ризикува Трета светска војна

by Fokus

Киев изврши ноќен напад со беспилотни летала на руската област Брјанск, која граничи со Украина, при што единиците за противвоздушна одбрана уништија 26 украински беспилотни летала, изјави утринава гувернерот на руската област.

„Единиците за противвоздушна одбрана продолжуваат да работат на заштита на нашиот регион“, напиша гувернерот Александар Богомаз на апликацијата Телеграм.

Руската политичарка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи и на Украина да користи американско оружје за напади длабоко во Русија, ризикува избувнување на Третата светска војна.

„Администрацијата на Бајден се обидува да ја ескалира ситуацијата до максимум додека се уште има моќ и додека тие се уште се на власт. Се надевам дека (Доналд) Трамп ќе ја смени одлуката бидејќи сериозно го ризикуваат почетокот на Третата светска војна, што не е во ничиј интерес“ изјави Бутина за Ројтерс.

Ројтерс, цитирајќи двајца американски функционери и извор запознаен со одлуката, во неделата објави дека администрацијата на Бајден ги укинала ограничувањата што претходно ја спречуваа Украина да користи американско оружје за да изврши напади длабоко на руска територија.

Поврзани новости