Украинските сили првпат погодија руски борбен авион Су-57 од најновата генерација, кој се наоѓаше во воздухопловна база во Русија, објави украинската разузнавачка служба ГУР, прикажувајќи сателитски снимки од нападот.
Во објавата на Телеграм, ГУР не прецизираше како бил погоден авионот или која единица на украинската армија е одговорна за тоа.
‼️ Вперше уражено Су-57
💥 8 червня 2024 року на території аеродрому «ахтубінск» в астраханській області рф, розташованому за 589 кілометрів від лінії бойового зіткнення, уражено багатоцільовий винищувач держави-агресора Су-57.
🔗 https://t.co/vyatL7cBjd pic.twitter.com/8wbopryp4l
— Defence intelligence of Ukraine (@DI_Ukraine) June 9, 2024
Рускиот провоен блогер Fighterbomber, кој се занимава со воздухопловните сили, објави дека веста за нападот на Су-57 е точна и дека леталото било погодено од дрон. ГУР објави дека леталото се наоѓа во воздухопловната база Ахтубинск, на 589 километри од бојното поле во Украина.
„Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни, Су-57 бил недопрен, а (на 8 јуни) во близина може да се видат кратери од експлозија и карактеристични огнени дамки“, објави ГУР.
Fighterbomber соопшти дека леталото било погодено од шрапнели и во моментов се проценува штетата за да се утврди дали може да се поправи. Ако е премногу тешко оштетен, тоа би било прва борбена загуба на тој тип на авиони.
Воениот дописник на руската државна новинска агенција РИА Новости, Александар Харченко, објави нејасна порака во која директно не го признава нападот, но изрази жалење за недостигот на хангари за заштита на воените авиони.
Сериското производство на Су-57, петтата генерација на руски борбени авиони, започна во 2022 година.