412
Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.
Во страшната несреќа загинаа најмалку 21 човек. Автобусот падна од висина од десет метри врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.
Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре – Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.
Идентификацијата на загинатите се уште е во тек.