Бранителите на малиот украински остров Змиско око во Црното море сепак се живи, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на информации од официјални владини тела.
Вчера беше објавено дека војниците се можеби живи, а денеска украинските новинари тоа е потврдено, а сега моментално се руски заробеници.
Украинската војска објави соопштение во кое велат дека првичните информации биле дека војниците од овој остров се убиени и дека не било можно да се испрати помош бидејќи Русите ги заробиле цивилите кои се упатиле таму.
-Среќни сме што нашите браќа се живи и здрави, беше соопштено.
И претседателот Зеленски и СБГСУ во петокот објавија дека сите војници се убиени откако руските сили го зазедоа малиот остров.
-Првичните информации дека граничарите се мртви стигнаа пред да изгубиме контакт со но нив, стои во соопштението.
Руски генерал во петокот соопшти дека 82 украински војници го положиле оружјето и доброволно се предале на единиците на руските вооружени сили.
Во соопштението се додава дека руските медиуми известиле дека украинските војници биле пратени на Крим.