749
Украинските власти попладнево објавија дека руската војска ја нападна и ја презеде областа кај некогашната нуклеарна централа Чернобил.
На почетокот на февруари украинските војници имаа вежба за одбрана токму на Чернобил и градот Припјат.
Обуката спроведена на едно од најрадиактивните места на Земјата – дојде како предупредувања за потенцијална руска инвазија.
За украинските сили, напуштените улици и станбени блокови во Припјат – празни откако жителите беа евакуирани по катастрофата на нуклеарниот реактор во 1986 година – направија идеален полигон за обука.Ж
Војниците во зимска камуфлажа вежбаа расчистување на вооружените напаѓачи од зградите, цел на минофрлачки оган и снајперисти во урбани услови.