512
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека извршители и нарачатели на експлозијата на мостот на Крим биле специјалните служби на Украина.
Тој го соопшти ова на средбата со претседателот на Истражниот комитет, Александар Бастрикини, објавено е на каналот на Кремљ на Телеграм.
Претседателот на Истражниот комитет најави поведување на кривична постапка за „тероризам“.
Тој го информирал Путин и за идентитетот на осомничените кои учествувале во подготовката на бомбашкиот напад.
Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим – беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел на преминот.
Како резултат на тоа, два коловозни делови од мостот на Крим делумно се урнаа.