Украинскиот Парламент одобри продолжување на воената состојба и на општата мобилизација

by fokus

Врховната рада на Украина ја продолжи воената состојба и општата мобилизација за уште 90 дена до 21 ноември 2022 година, објави Укринформ, повикувајќи се на изјава на пратеник.

„Парламентот го одобри продолжувањето на воената состојба за 90 дена до 21 ноември 2022 година. Радата го одобри и утврдувањето на Уредбата за „Продолжување на времетраењето на општа мобилизација“, објави на Телеграм Јарослав Железњак од партијата „Глас“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 12 август поднесе два предлог-закони до парламентот – за 90-дневно продолжување на воената состојба и општа мобилизација, почнувајќи од 23 август.

Поврзани новости