Украински напад со дрон ја оштети рафинеријата за нафта во рускиот регион Ленинград

by fokus

Украински напад со беспилотно летало ја оштети рафинеријата за нафта „Кинеф“ во рускиот регион Ленинград, изјави утрово началникот на Ленинградската област Александар Дрозденко.

Дрозденко на Телеграм напиша дека руските сили одбиле напад на украинско беспилотно летало, дека е оштетен рафинериски тенк и дека нема повредени.

Тој прецизираше дека руската противвоздушна одбрана (ПВО) соборила еден дрон, а вториот бил уништен над рафинеријата.

Министерството за одбрана во Москва соопшти дека синоќа над Русија биле соборени 31 украински беспилотни летала, од кои 26 над територијата Краснодар.

Поврзани новости