Украински министер му порача на Трамп: Никој не може да ја натера Украина да се откаже

by Fokus

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека никој не може да ја натера неговата земја да се откаже од своите права, откако Доналд Трамп ја критикуваше Украина и нејзиниот претседател.

„Украина го издржа најужасниот воен напад во модерната европска историја и три години тотална војна. Украинскиот народ и неговиот претседател Зеленски одбија да се поклонат на притисокот на Путин.

Никој не може да ја натера Украина да се откаже. Ќе го браниме нашето право да постоиме“, напиша Сибиха на платформата „Икс“, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп жестоко го нападна Володимир Зеленски во објавата на „Truth Social“, нарекувајќи го „диктатор“.

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на неговата социјална мрежа Truth Social.

„Замислете, умерено успешен комичар, Володимир Зеленски, ги убеди САД да потрошат 350 милијарди долари, да влезат во војна која не може да се добие, која никогаш не требаше да се започне, но војна која тој, без САД и ТРАМП, никогаш нема да може да ја реши“.

Поврзани новости