Хакери од Главната управа за разузнавање на Украина (ГУР) извршија уште еден сајбер напад врз банкарскиот систем на Руската Федерација.
„Како резултат на операцијата, беше нарушена работата на најголемите банкарски институции на државата агресор, кои ја обезбедуваат работата на окупаторските сили на вооружените сили на Русија“, се вели во соопштението на Главната управа за разузнавање на Министерството за Одбрана на Украина.
Се наведува дека Банката на Русија, Тинкоф банка, Газ банка и платниот систем на СБП биле под сајбер напад, пренесува Укринформ.
👨💻Cyber attack on Russia – the federal center for issuing digital signatures was hacked!!!
🦉GUR informs…
On September 11, 2024, cyber experts of the Ministry of Defense of Ukraine together with BO Team activists carried out another successful operation in russia – the… pic.twitter.com/V2LFPThjz1— LX (@LXSummer1) September 14, 2024
Корисниците во многу региони на Руската Федерација се жалат на блокираното работење на онлајн услугите на финансиските институции, неможноста да се користи лична сметка, суспензијата на веб-страниците и мобилните апликации на банките. Исто така, клиентите на банките не можат да плаќаат за услуги преку Интернет.
Во соопштението на ГУР се истакнува дека на 7 септември бил извршен сајбер напад врз бројни руски ресурси вклучени во водењето на војната.
Особено беа нападнати претпријатијата кои произведуваат елементи за радио-електронската база, други резервни делови за руско оружје и опрема за обработка на метал.
Погодени се и ресурсите на компаниите кои учествуваат во развојот на воената инфраструктура на Русија, се додава во соопштението.