Украински Генералштаб: Русија за 24 часа изведе над 100 напади од повеќецевни ракетни системи

by Fokus

Изминатите 24 часа Русија изведе девет ракетни и 37 воздушни и вкупно над 100 напади од повеќецевни ракетни системи, соопшти Генералштабот на Украина.

„Непријателските удари изведени се во подрачја на повеќе од 25 населби во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Миколајив“, се наведува во неговиот извештај.

Оттаму информираат дека состојбата во правец на Волин и Полисија не е значително променета, Белорусија продолжува да ја поддржува руската вооружена агресија врз Украина, обезбедувајќи ѝ на Русија инфраструктура, територија и воздушен простор.

Во извештајот пишува и дека продолжува формирањето на руско-белоруска група војници на подрачјето на Белорусија. На сила останува и опасноста од воздушни напади со беспилотни летала од белоруската територија.

Поврзани новости