Украински генерал: Продолжува репресијата врз командантите и граѓаните со „своја гледна точка“

by Fokus

Украинските власти имаат намера да продолжат со репресијата врз граѓаните кои имаат „своја гледна точка“, меѓу другото, се подготвуваат кривични постапки против генералите на украинската армија, изјави поранешниот заменик-секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пензионираниот генерал Сергеј Кривонос.

Властите се подготвуваат за ова (кривично гонење на поранешни и актуелни команданти на вооружените сили на Украина), ова е 100 отсто точна информација – рече Кривонос и потсети на серијата неодамнешни апсења на генерали, под обвинение за измислени дела.

– Сега се подготвува, евентуално против мене, евентуално против господинот (генералот Дмитриј Марченко, кој беше разрешен по критиките за операцијата на Вооружените сили на Украина во Курската област) – изјави Кривонос на украинскиот Јутјуб канал „Фабрика новости“.

Според него, властите веќе почнале да „следат луѓе кои имаат свое гледиште“.

Тој посочи дека во блиска иднина ќе почнат да се вршат притисоци врз таквите граѓани преку претреси, покренување кривична постапка или одржување на судски рочишта во присуство на медиумите.

Во јануари, на 23-ти во Украина беа приведени поранешниот командант на оперативната тактичка група „Харков“, бригадниот генерал Јуриј Галушкин, генерал-полковник Артур Горбенко и командантот на 415-тиот специјален пушкарски баталјон.

Полковник Илја Лапин од Специјалната механизирана бригада на вооружените сили на Украина. Тие беа обвинети за неуспех во одбраната, загуба на персонал и оружје во регионот Харков во мај 2024 година.

Подоцна, судот нареди нивно апсење. Овие настани предизвикаа жестока политичка дебата.

Поврзани новости