Украински генерал: Претседателе, треба да се повлечеме; претседателот: НЕ

by Fokus

Се води внатрешна „војна“ меѓу врховниот командант на украинските воени сили и претседателот на Украина, пишува германскиот весник Билд.

Според германскиот весник, повикувајќи се на извор близок до режимот во Киев, генералот Валериј Залужни побарал од Володимир Зеленски да ги повлече украинските војници од Бахмут, каде што со месеци се водат жестоки борби.

Наводно, како што е кажано за Билд, Залужни го советувал претседателот Зеленски да издаде наредба за повлекување на украинските војници од тој град, кој е под постојани напади од руската армија што го опкружува. Меѓутоа, Зеленски одбил да го стори тоа.

Американските медиуми објавија дека официјален Вашингтон уште во јануари го повикал Зеленски да ги повлече војниците од Бахмут и да се фокусира на подготовка на голема пролетна контраофанзива со западно оружје што дотогаш ќе биде подготвено за употреба на бојното поле, но Зеленски наводно е се плаши како влијае на моралот на Украинците.

Изворот на Билд наведува дека ниту на украинските борци кои се на фронтот во Бахмут не им е јасно зошто се уште се обидуваат да го одбранат градот и сметаат дека одамна требало да се повлечат.

Германскиот весник тврди и дека популарноста на генералот Залужни брзо се зголемила откако Украина успеала да се одбрани, па дури и да преземе контраофанзиви и дека тој сега се смета за сериозен противник на Зеленски на следните претседателски избори.

Иако самиот генерал никогаш јавно не кажал дека има намера да влезе во претседателската трка, во Украина веќе подолго време кружат гласини дека Зеленски се плаши од него, пренесува Раша тудеј на англиски јазик.

Поврзани новости