Врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Жалузни, денеска изјави дека украинските сили стигнале на околу 48 километри од северната граница со Русија, додавајќи дека напредувањето во регионот Харков продолжува и на југ и кон исток.
Жалузни на својот канал на Телеграм напиша дека украинските сили ослободиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија за 10 дена и додаде: „Украина продолжува да ги ослободува териториите окупирани од Русите.
Информациите не можат независно да се потврдат, но Русија вчера призна дека нејзините сили го напуштиле Изјум, клучното воено упориште во регионот Харков.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и украинската војска, денеска објавија видео на социјалните мрежи за кое тврдат дека го покажува подигнувањето на знамето во селото Чкаловски во регионот Харков.