Фудбалерот на Челзи и на украинската репрезентација Михајло Мудрик (23) падна на допинг тест, потврдија познатиот италијански новинар Фабрицио Романо и самиот клуб. Украинецот е суспендиран до понатамошно известување, додека не се утврдат околностите и деталите. Мудрик направи и Б примерок и сега чека втора анализа.
Дејли Мејл пишува дека во крвта на Украинецот била пронајдена илегалната супстанца мелдониум што ја користеле советските супер војници.
Станува збор за еден тон супстанци кои биле увезени во Русија за потребите на руската армија, а низ историјата руски спортисти биле обвинувани за употреба на оваа дрога.
Најпознат пример е тенисерката Марија Шарапова, која беше позитивна на мелдониум на допинг тест на Австралија Опен во 2016 година. После тоа, таа беше суспендирана на две години.
Мелдониумот не е достапен во Велика Британија.
Се произведува во Гриндекс во Латвија. Во описот на производот се вели дека примерокот е наменет за луѓе со срцеви проблеми и отежнато циркулација, но бидејќи ја зголемува издржливоста и брзината на закрепнувањето и штити од стрес, често завршува во рацете на спортистите.
Во јануари минатата година Мудрик пристигна од Шахтјор во Челзи во трансфер вреден 70 милиони евра. Беше еден од најбараните играчи во Европа, а во последен момент Челзи го оттргна од градскиот ривал Арсенал, со кој Украинецот веќе го договори трансферот.
Сезонава поради проблеми со повреди одигра само седум натпревари и постигна еден гол.
Севкупно, Мудрик се уште не ги оправда очекувањата и големата отштета. На 73 натпревари за Челзи, тој постигна 10 и асистираше при девет гола.