325
Украинско беспилотно летало удри во деловна зграда во центарот на јужниот руски град Курск, соопштија руските власти.
Во последните месеци, Киев секојдневно извршува напади врз руските градови како дел од украинската контраофанзива која започна на почетокот на јуни. Курск се наоѓа на приближно 90 километри од границата со Украина.
-Во Курск, украинско беспилотно летало погоди деловна зграда во центарот на градот, напиша гувернерот Роман Старовојт на Телеграм.
-Истовремено помалку е оштетен покривот на зградата, а на терен излегле и итните служби, рече тој.
Минатиот месец украински дрон предизвика значителна штета на железничката станица во Курск, при што беа повредени пет лица.