Украинската војска тврди дека соборила руски бомбардер, Москва вели дека станува збор за технички дефект

by Fokus

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Украина синоќа соборила руски стратешки бомбардер со долг дострел Ту-22М3.

„За првпат противвоздушните ракетни единици на воздухопловните сили, во соработка со Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел Ту-22М3“, рече Олешчук, а пренесе агенцијата Униан.

Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека воен авион, бомбардер Ту-22М3, се урна во областа Красногвардејск, во јужниот руски регион Ставропол.

Како што се наведува, авионот се урнал поради техничка грешка, а пилотите се катапултирале.

„Авионот се урна во областа Красногвардејск. Според прелиминарните извештаи, нема штета на земјата, а пилотите се катапултирале“, изјави гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров на Телеграм.

Поврзани новости