Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Украина синоќа соборила руски стратешки бомбардер со долг дострел Ту-22М3.
„За првпат противвоздушните ракетни единици на воздухопловните сили, во соработка со Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел Ту-22М3“, рече Олешчук, а пренесе агенцијата Униан.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека воен авион, бомбардер Ту-22М3, се урна во областа Красногвардејск, во јужниот руски регион Ставропол.
Како што се наведува, авионот се урнал поради техничка грешка, а пилотите се катапултирале.
„Авионот се урна во областа Красногвардејск. Според прелиминарните извештаи, нема штета на земјата, а пилотите се катапултирале“, изјави гувернерот на Ставропол, Владимир Владимиров на Телеграм.