Украинската противвоздушна одбрана би можела да остане без проектили и муниција за само неколку недели, се наведува во тајните документи на Пентагон кои протекоа во јавноста, објави „Гардијан“.
Во еден од документите од 23 февруари, кој е означен како „доверлив“, детално е наведено дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана С-300 целосно ќе стивне до 2 мај, доколку продолжи да се користи со исто темпо, пренесува Ал Џезира.
Украинскиот противвоздушен систем Бук, на кој се потпира украинската војска, заедно со С-300, би можел да се истроши до средината на април, додека противвоздушните единици на првата линија би можеле да бидат „целосно намалени“ до 23 мај, објави „Њујорк Тајмс“.
Повикувајќи се на високи американски воени претставници, њујоршкиот весник наведува и дека руските ловци и бомбардери добиваат сè поголема можност да ги нападнат украинските сили, што може да биде предизвик за Киев.
Автентичноста на документите не е потврдена.