Руските сили ги зајакнаа своите позиции по целата на линија на фронот во Украина, откако целосен неуспех претрпе украинската противофанзива, вели рускиот претседател Владимир Путин за државната телевизија Россия 1.
Сепак, додава тој, во одредени области на борбените дејствија украинската страна подготвува нови активни офанзивни операции.
-Го гледаме тоа, знаеме за тоа. И на тоа ќе реагираме на соодветен начин – додаде рускиот претседател.
Запрашан за битката за источниот украински град Авдеевка, за која двете страни, како и САД и Велика Британија, велат дека се зајакнати како нова руска офанзива, Путин рече дека она што сега се случува на фронтот се нарекува „активна одбрана“.
-И нашите сили ги подобруваат своите позиции на речиси целото подрачје. На доволно големо подрачје – продолжи рускиот претседател.
Во меѓувреме, 6 лица загинаа во последните 24 часа во руското бомбардирање на Херсонскиот, Доњецкиот и Харковскиот регион во Украина, соопштија денеска локалните власти.
-Две лица загинаа, а тројца се ранети во Херсон, откако повеќе од 100 гранати ја погодија областа во текот на викендот – изјави локалниот гувернер Олександр Прокудин.