Украинската православна црква на Московската патријаршија денес прогласи „целосна автономија и независност“ од Москва, објаснувајќи дека не се согласува со ставовите на московскиот патријарх Кирил кон конфликтот.
Украинската црква соопшти дека ја осудува војната и ги повика Украина и Русија да го продолжат процесот на преговори и да престанат со крвопролевањето.
Кирил, поглавар на Руската православна црква, силно го поддржува рускиот претседател Владимир Путин во неговата инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.
По последно време се зголемил притисокот во црквата за да се одвои од Москва, додека конфликтот сè уште беснее. Стотици свештеници дури и повикаа патријархот да биде повикан пред црковниот суд. Украинската православна црква на Московската патријаршија по бројот на свештеници е најголемата од трите главни цркви во Украина.И покрај претходната поврзаност со Москва, црковниот поглавар Онуфриј јасно ја осуди војната.
Московската црква традиционално ја држи Украина во рамките на својата сфера на влијание.