Украина и Русија требале наскоро да испратат делегации во Доха за да преговараат за договор за запирање на нападите врз енергетската и електро-дистрибитивната инфраструктура на двете страни, но тоа било спречено поради украинскиот пробив во Русија, јави денеска „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на неименувани дипломати и официјални лица запознати со дискусиите.
Преговорите би издејствувале делумен прекин на огнот, а тоа би било олеснување за двете земји.
Сепак, индиректните преговори со Катар како медијатор, чии претставници се среќаваа одвоено со украинските и руските делегации, беа поткопани по ненајдената инвазија на Украина во западниот регион Курск на Русија минатата недела, наведуваат официјалните лица. За можното постигнување на договорот и планираниот самит претходно немаше објавено.
Повеќе од една година, Русија ја бомбардира украинската енергетска мрежа со бројни крстаречки ракети и напади со дронови, предизвикувајќи непоправлива штета на електро-дистрибтивните станици и прекини на електрична енергија низ целата земја. Во меѓувреме, Украина ги нападна руските нафтени и рафинериски постројки со напади со дронови кои запалија рафинерии, нафтени складишта и резервоари, намалувајќи го руското нафтено призводство за 15 проценти и подигајќи ги цените на гасот во светот.
Некои учесници во преговорите се надеваа дека можеле да се дојде до подетален договор за окончување на војната, пишува весникот. Подготвеноста за учество во преговори сигнализирало некаква промена за двете земји, или барем да се издејствува привремен прекин на огнот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев би разгледал целосен прекин на огнот само ако Русија ја повлече целата своја војска од украинска територија, вклучувајќи го и полуостровот Крим анектиран од Русија во 2014 година. Рускиот претседател Владимир Путин бара Украина прво да отстапи четири украински региони – вклучувајќи некои територии што руските сили не ги окупираат, а од Кремљ прогласени за дел од Русија.