Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека почнал „специјална операција“ во Украина, по што настана буквален хаос во земјата, но и во целиот свет, украинската амбасада во Македонија лиферува куси соопштенија, каде објавува за состојбите во Украина.
– Граничните единици дејствуваат во согласност со состојбите што се случуваат во областите на одговорност и во соработка со сите одбранбени сили.
Во областа на населените места Копани и Иваново на Херсонската област, војниците се борат со непријателот.
Во областа Скадовск, граничната команда за брза реакција врши пукање од хеликоптери.
Во моментов се знае за 3 загинати граничари. Има ранети. И покрај тоа, граничарите се борат против окупаторот – велат од украинската амбасада.
Непријателот напаѓа не само врз единиците на границата, туку и врз објектите во задниот дел, додаваат од амбасадата.
Гранатиран е еден од објектите на Државната гранична служба на Украина во Кијивската област. Веројатно од ракетно оружје.